ИДУЕП останува партнер на Собранието во делот на младинските политики – Формиран Клубот за младински прашања во новиот собраниски состав

Директното младинско учество и ефектите на Законот за младинско учество и младински политики беа во фокусот на првата јавна дебата организирана од новоизбраниот состав на Клубот за младински прашања и младински политики при Собранието. Свои воведни излагања за време на дебатата имаа новоизбраната координаторката на Клубот, Драгана Бојковска, како и заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски и директорката на Вестминстер фондацијата за демократија, Дона Костуранова. Дискутантите се осврнаа на потребата од имплементација на Законот за младинско учество и политики од страна на институциите, но беа предложени и…