Заеднички активности и соработка во сферата на доброто управување со акцент на транспарентноста, антикорупцијата и дигитализацијата, како и следењето на добрите ЕУ практики во овие сфери – ова беа дел од темите на кои се разговараше за време на иницијалната средба која Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) ја оствари со заменик претседателот на Владата задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи. Комуникологот и претседател на ИДУЕП, Бојан Кордалов го запозна вицепремиерот Фетаи со програмските цели и активности на Институтот, нагласувајќи ја клучната улога на принципите на доброто управување…
