Државниот врв активен на сите канали, 21 од вкупно 24 членови на владиниот кабинет користат најмалку една социјална мрежа, а кај веб страните сеуште истите предизвици и очекувања од граѓаните

Новиот државен врв е присутен на Фејсбук, Инстаграм и на Твитер. Дополнително, и претседателката на Републиката, претседателот на Собранието, како и претседателот на Владата имаат и свои Тик Ток кориснички сметки, додека, пак, премиерот и претседателот на Собранието имаат и свои профили на мрежата за професионална комуникација и поврзување, Линкедин. Понатаму, 21 од вкупно 24 членови на новиот владин кабинет се активни на најмалку еден социјален медиум, додека истовремено активни на трите канали (Фејсбук, Твитер и Инстаграм) се премиерот и уште 10 министри во Владата. Тројца од министрите немаат присуство…

Средба на ИДУЕП со вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи

Заеднички активности и соработка во сферата на доброто управување со акцент на транспарентноста, антикорупцијата и дигитализацијата, како и следењето на добрите ЕУ практики во овие сфери – ова беа дел од темите на кои се разговараше за време на иницијалната средба која Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) ја оствари со заменик претседателот на Владата задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи. Комуникологот и претседател на ИДУЕП, Бојан Кордалов го запозна вицепремиерот Фетаи со програмските цели и активности на Институтот, нагласувајќи ја клучната улога на принципите на доброто управување…

ИДУЕП учествуваше на Меѓународна конференција во Тбилиси на тема проширување на ЕУ

На 9 и 10 јули 2024 година во Тбилиси, Грузија се одржа дводневната Меѓународна конференција насловена „Проширување на ЕУ – Геополитичка реалност и следни чекори за земјите-кандидати за членство во ЕУ“. Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) беше претставен од страна на комуникологот и претседател на Институтот, м-р Бојан Кордалов. Тој беше поканет да учествува со свој воведен говор и препораки во рамките на панелот „FIGHT AGAINST CORRUPTION: Effectiveness of Anti-Corruption Bureaus“, каде заедно со претставници на тинк-тенк организации од Молдавија, Украина и Грузија беа споделени мислења и…

Младите нудат решенија за справување со корупцијата – Одржан младински хакатон во Охрид

20 млади луѓе од целата земја активно учествуваа и бараа ефикасни младински решенија за справување со проблемите предизвикани од корупцијата во рамки на тродневниот хакатон на тема „DigiYouth against Corruption“. Хакатонот се одржа од 5ти до 7ми јули 2024 година во Охрид, а во организација на Младинскиот сојуз од Крушево во партнерство со Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) и Фондацијата Фридрих Науман. Младите учеснички и учесници беа поделени во 6 подгрупи, а под менторство на Анелија Митрова, оперативна координаторка во Младински сојуз, Андреј Стојкоски, проектен асистент во…