Потребни ни се активни млади кои ќе учествуваат во градењето на еднакво и успешно општество за секого – Караванот „Остави трага“ во Гостивар

Паркот кај општинската зграда во Гостивар беше главното собиралиште каде се случи спојот меѓу уметноста, дебатата и музиката вткаен во рамките на мултимедијалниот караван „Остави трага“. Ова беше шестиот од низата на јавни настани за подигање на јавната свест помеѓу младите луѓе, кој на едно место ги обедини преставничките и претставниците на локалната и централната власт, меѓународните претставници, како и граѓанскиот и бизнис секторот, но и многу млади луѓе кои со практичен и личен пример ги повикаа своите врсници и младите генерации да бидат поактивни и повеќе вклучени со свои…