Кабинет на ПВРСМ Заев до ИДУЕП: Ги поддржуваме доставените предлози, дигитализацијата е суштински процес на кој Владата активно работи

Канцеларијата на Претседателот на Владата, Зоран Заев, испрати официјален одговор на иницијативата на ИДУЕП со 3 конкретни предлози за поквалитетен живот на граѓаните преку воведување и практична примена на дигитализација на услугите. Во дописот се истакнува дека барањето на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи било разгледано со должно внимание, со констатација дека Канцеларијата на Претседателот на Владата целосно се согласува со доставените предлози од ИДУЕП кои имаат една и единствена цел: обезбедување на услови за поквалитетен живот на граѓаните и секако, побрз економски раст и развој за нашата…

ЗПВРСМ Николовски до ИДУЕП: Даваме поддршка на предлозите, Владата веќе презема конкретни мерки за дигитализација

Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски испрати официјален одговор на иницијативата на ИДУЕП со 3 конкретни предлози за поквалитетен живот на граѓаните преку воведување и практична примена на дигитализација на услугите. Во дописот ЗПВРСМ, меѓу другото истакнува дека „ваквата активност е неопходна заради надминување на констатираните системски слабости, но и во насока на создавање на единствен автоматизиран процес на издавање на акти кој значи и пократко време на чекање на документи, или воопшто да се изземе потребата од „одење од шалтер…