Во рамки на овогодинешниот Преспа форум дијалог кој се одржа на 15 и 16 јуни 2023 година во Струга се одржа и панел дискусија на тема „ Дигиталната трансформација поврзува – Перспективи за партнерства на Западен Балкан“. Во дискусијата како говорник и модератор учествуваше и претседателот на ИДУЕП, комуникологот Бојан Кордалов. Воведни излагања имаа министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу и министерката за дигитализација во Владата на Република Словенија, Емилија Стојменова Дух. Во рамки на оваа панел дебата како панелисти учествуваа и Аино Лепик Фон Вирен, генерална директорка…
Tag: Западен Балкан
Европски искуства за поддршка на процесот на дигитализација во земјите од Западен Балкан – Формиран Советот за дигитална трансформација во рамки на германскиот институт Хајделберг
Формирање на силен фронт помеѓу образовните институции, граѓанскиот сектор и ИКТ индустријата со цел поддршка на напорите на јавните институции и приватниот сектор на земјите од Западен Балкан во насока на воспоставување на одржлива дигитализација која е од интерес на секој граѓанин – ова е основата на потпишаниот Меморандум за соработка склучен помеѓу високообразовната установа Хајделберг Институт и Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП). „Процесите предводени од сојузната германска влада во пост-ковид периодот, кон кои целат сите земји од Западниот Балкан, треба да завршат во правец на имплементација…