Во рамки на активноста „Отворен кабинет“, државната Вила Билјана во Охрид ја посетија учесниците на регионалниот мултимедијален настан на карванот „Остави трага“. Посетителите имаа можност да ја разгледаат и да се запознаат со историски податоци за Вила Билјана, беа информирани за работата и надлежностите на претседателот Пендаровски, а ги посетија и просториите во коишто се реализираат официјалните и работните средби. Во рамките на посетата, посетителите разговараа со сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска на теми поврзани со нејзините активности, како и за нејзината вклученост во мултимедијалниот настан на карванот „Остави трага“.…