Студентски лидери: Младите треба да добијат шанса да ги менуваат институциите – решенија за „билетот во еден правец“

Институциите целосно да се отворат за младите и нивните барања и идеи, а студентите со конкретни активности за подобрување на јавните услуги да покажат дека навистина има што да понудат за позитивна промена во општеството – беше заклучено на дебатата насловена „Билет во еден правец – Дали институциите преземаат нешто за да го променат ова?“. На јавниот настан кој беше организиран од страна на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) и Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УСС УКИМ) беа презентирани две конкретни идеи за…