МААА Успешна приказна: Бојан Кордалов

Бојан Кордалов е виш специјалист по комуникации со повеќе од 20 години работно искуство. Како млад професионалец, во 2007 година, добил можност да стане дел од врвната професионална програма за  размена „Меѓународна програма за лидерство на посетители (IVLP)“ спонзорирана од Стејт Департментот на САД. „IVLP дефинитивно имаше многу позитивно влијание врз мене како личност, но и врз мојата севкупна професионална кариера. Тие 3 недели поминати во 6 различни градови во 5 држави низ САД ми овозможија да запознаам многу аспекти од функционирањето на американското општество. Програмата ни овозможи да видиме…