Обука за стратешки комуникации за претприемачко образование – Успешно завршена првата фаза од обуките наменети за Junior Achievement

Пет организации од меѓународната Junior Achievement мрежа успешно го поминаа прциот циклус на обуки за стратешки комуникации во текот на месеците февруари и март 2021 година. Обуките ги спроведе тим на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективни (ИДУЕП) предводен од комуникологот и координатор на Програмата за транспарентност, медиуми и дигитализација на ИДУЕП, Бојан Кордалов, а врз основа на потребите и стратегијата за обуки на канцеларијата на Junior Achievement Europe во Брисел. Обуките во првиот циклус беа фокусирани на подобрувањето на презентациските и комуникациските вештини за членовите на канцелариите на…