Претседателот Стево Пендаровски се сретна со претставници од Сојузот на средношколци, кои го информираа за досегашните и идни активности во рамки на иницијативата „Лидер(ка) на училиште, лидер(ка) во иднината“, која се од минатата година се реализира во соработка со Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП). Средношколците го запознаа Претседателот со заложбите за реформирање и подобрување на ученичкото организирање. Тие информираа за финализацијата на предлог-законското решение, со кое по првпат во државата ќе се регулира средношколското организирање, а преку кое се предвидува организирање на директни избори од страна на…