Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП), во рамки на европскиот Проект „Што сакаат младите – Професиите на иднината бараат знаења и вештини денес“, Ве поканува на вториот јавен настан за подигнување на јавната свест за проблемот со младинска невработеност, сензибилизација на темата и поголема мобилизација на сите заинтересирани страни. Овој настан се организира во соработка и со Министерството за труд и социјална политика (МТСП) и Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ). Датум на одржување: 05.12.2022 година, понеделник, време: 10 – 12 часот. Целта е поттикнување на јавна…
Tag: ТИРЗ
ТИРЗ со поддршка на Проектот „Што сакаат младите – Професиите на иднината бараат знаења и вештини денес“
Со конкретни активности и мерки ТИРЗ се заложи дека ќе го поддржи субгрантираниот проект на ИДУЕП насловен „Што сакаат младите – Професиите на иднината бараат знаења и вештини денес“ кој е поддржан од страна на ЕУ преку Младинскиот сојуз, во рамки на Програма чија цел е намалување на младинската невработеност и отворање можности за компаниите да инвестираат во развој на соодветните вештини и знаења на вработените. Директорот на Дирекцијата за технолошко индустриските развојни зони, Јован Деспотовски на средбата со претставниците на Младинскиот сојуз од Крушево и Институтот за добро управување…