Нови вештини и знаења за поуспешно студирање и кариера – Одржани три интерактивни работилници за студентите

Повеќе од 150 студенти учествуваа на трите работилници и научија како физичката активност може да ги подобри кариерните перформански и менталното здравје, слушнаа корисни совети за фриленсинг и јавно говорење кое е една од најбараните меки вештини. На 2 октомври, во големиот амфитеатар на Падагошкиот факултет беше одржана работилницата на тема „Значењето на физичката активност врз менталното здравје и кариерни перформанси“ каде предавач беше проф. д-р Ленче Алексовска, спортски психолог, поранешен декан на ДИФ и врвна спортистка во кошарка. Акцентот на оваа работилница беше ставен на тоа како да станеме…