Државниот завод за ревизија доби обука за дигитализација и односи со јавност

„Стратегиско моделирање на односите со јавноста и дигитализација во јавниот сектор“ е насловот на обуката која беше реализирана од страна на Јасна Бачовска Недиќ, редовна професорка на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и специјалистот за односи со јавност и нови медиуми и координатор на Програмата за транспарентност, медиуми и дигитализација на ИДУЕП, Бојан Кордалов. Обуката беше наменета за потребите на дел од вработените во Државниот завод за ревизија. Во сферата на стратегиското моделирање на односите со јавноста, ревизорите од ДЗР имаа можност да се информираат за системот на односи со јавност…