ИДУЕП дебата: Клубот на млади пратеници да прерасне во собраниска комисија која формално ќе може да ги застапува младите и младинските политики

Клубот за младински прашања и политики во Собранието треба да прерасне во формална комисија која ќе може поефикасно и поактивно да ги застапува младите и нивните политики во законодавниот дом – ова е заклучокот од дебатата во организација на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи на која учествуваа повеќе младински организации и дел од младите пратеници од повеќе политички партии. На настанот беше презентиран Документот за идно дејствување на Клубот млади пратеници кој е изготвен од страна на ИДУЕП и Фондацијата „Фридрих Науман“ со цел предлог конкретни активности и…