Дебата на ИДУЕП: Дигитализацијата е натпартиско прашање особено кога ги засега приоритетите на младите

Во организација на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) во Студентскиот културен центар се одржа онлајн дебатата „Digi Youth Dialogue“, на која главен фокус беше ставен на младите и дигитализацијата. Панелисти на настанот беа Моника Зајкова, координаторка на Клубот за младински прашања и политики во Собранието, Стефан Андоновски, дополнителен заменик министер во МИОА и Бојан Кордалов, комуниколог и претседател на ИДУЕП. Дигитализацијата е еден од процесите за справување со корупцијата и со денешната дебата се покажува дека приоритетот на граѓаните, а особено прашањата кои се важни за младите…