Со видео објаснување за иницијативата и отворена покана за поддршка и приклучување започна онлајн кампањата „Поддржувам средношколска демократија“, која претставува заедничката иницијатива на Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија (ССРСМ) и Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП), насловена „Лидер(ка) на училиште, лидер(ка) во иднината“. Официјалниот хаштаг на кампањата е #ЗаСредношколскаДемократија, а воведното видео на претседателот на Сојузот, Лука Павиќевиќ може да го погледнете тука: Средношколското организирање е клучно за канализирањето на гласот на средношколците на сите општествени нивоа – почнувајќи од нивото на поединечен клас и завршувајќи…