На 24 ноември 2025 година, во Скопје, се одржа кафе-презентација и отворена дискусија со претставници на младински граѓански организации, младински активисти, млади лидери и Млади европски амбасадори (YEAs) од Северна Македонија, посветена на публикацијата „Справување со младинскиот евроскептицизам во земјите од Западен Балкан, со фокус на Северна Македонија“. Настанот обедини млади претставници од различни организации и иницијативи, кои активно учествуваа во дискусијата, споделувајќи лични искуства, предлози и конкретни идеи за надминување на евроскептичните тенденции кај младите и зајакнување на довербата во европската перспектива на земјата. Од анализа кон решенија Кафе-презентацијата…
Tag: Справување со евроскептицизмот
Покана до младински организации за кафе презентација на документ со политики за справување со евроскептицизмот
На 24.11.2025 (понеделник) со почеток од 14:00 часот во локалот „Лафе“ (https://maps.app.goo.gl/E8pu24VNkp4WDW9u6) ќе се одржи кафе-презентација на публикација ,,Справување со младинскиот евроскептицизам во земјите од Западен Балкан, со фокус на Македонија“ заедно со претставнички и претставници од различни младински граѓански организации и младински активисти. Публикацијата е реализирана во соработка помеѓу Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП), Фондацијата „Фридрих Науман“ и Европскиот центар за извонредност (ЕЦЕ Брисел). Публикацијата претходно беше промовирана во Европскиот парламент во Брисел, како и во Собранието на Република Северна Македонија. Коавтори се Бојан Кордалов (ECE…
Младите и евроинтеграциите: Нови согледувања и публикација за справување со евроскептицизмот презентирани во Европскиот парламент
На 5 ноември 2025 година, во Европскиот парламент во Брисел, беше одржана официјалната промоција во ЕУ на документот со политики „Справување со евроскептицизмот кај младите во земјите од Западен Балкан: Анализа на состојбата во Северна Македонија“. Настанот беше организиран со поддршка и домаќинство на европратеничката Ирена Јовева и на едно место обедини пратеници од Европскиот парламент, како и претставници на Европската комисија, дипломатски мисии, граѓански организации, истражувачи и млади професионалци. Дискусијата беше фокусирана на иднината на проширувањето на Европската унија и улогата на младите во процесот на пристапување. За публикацијата…
