Одржана конференција на тема „Дигитализација“ во рамки на француското претседателство со ЕУ

Потребна е медиумска и дигитална писменост и фокус на спроведување на одржлива дигитализација – беше заклучокот на Конференцијата на тема „Дигитализација“ која се одржа во Прилеп, а во рамки на француското претседателство со Европската Унија. Конференцијата беше во организација на Амбасадата на Франција и Францускиот Институт, а беше отворена од страна на претседателот Стево Пендаровски, францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер и градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески. Панелисти на Конференцијата „Дигитализација“ беа Беноа Лутрел, член на Советот за регулација на аудиовизуелна и дигитална комуникација, поранешен директор за односи со јавност во…