Студиска и работна посета на ИДУЕП на Малме – Во фокусот младите, дигитализацијата и стартапите

Претставник на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП), Бојан Кордалов, учествуваше во работна посета на Малме, Шведска на 18 и 19.5.2023 година. Целта на посетата беше размена на искуства и стекнување на нови знаења и вештини во делот на дигитализацијата, младите, стартап културата и социјалните промени на различни нивоа и сфери на општествено дејствување, како и средби и вмрежување со нови потенцијални институции, организации и поединци. Во рамки на активностите, меѓу другото, беше остварена посета на Универзитетот во Малме, со претставнички и претставници на организациите „БИД Малме“, Центарот…