Младинско вработување – Потребно е заедничко дејствување помеѓу граѓанскиот сектор и носителите на одлуки

На покана на Младинскиот сојуз – Крушево, а во рамките на проектот „WB & T for EmploYouth“ кој е финансиран од страна на Европската Унија (ЕУ), претставници на ИДУЕП беа дел од Националниот настан за вмрeжување и заедничко дејствување. Изминатите два дена претставнички и претставници на 10 организации разговараа за можностите за вмрежување и заеднички настап во сферата на младинското вработување. За време на настанот беше одржана и консултативна дебата со дел од носители на одлуки, на која беа презентирани заклучоците од Брифот на политики „Одржливи механизми за учество на…

НСЕИ едногласно ги усвои препораките на ИДУЕП од Анализата „Што сакаат младите – професиите на иднината бараат вештини денес“

Националниот совет за евроинтеграции денеска ја одржа Деветтата седница, на која беше презентирана Анализата „Што сакаат младите – професиите на иднината бараат вештини денес” изработена од Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП). Седницата ја предводеше претседателот на НСЕИ, пратеникот Александар Николовски, а со свои дискусии и сугестии учествуваа: Гордана Сиљановска-Давкова, пратеничка и членка на НСЕИ; Фиснике Бектеши-Шаќири и Здравко Трајанов, пратеници и заменици-членови на Советот, Миќо Стојаноски, претставник од Сојузот на синдикати на Македонија, како и пратениците Бојан Стојаноски и Санела Шкријељ. Анализата со заклучоците пред Националниот совет…