„Остави трага“ од Кавадарци: Заедно даваме пример дека младите луѓе ни се важни, да бидеме нивна лична мотивација и поттик

Плоштадот во Кавадарци беше централното место каде се одржа петтиот од низата на јавни настани за подигање на јавната свест помеѓу младите луѓе, насловен „Дојди и раскажи ја својата приказна – Остави трага“. На едно место се обединија претставници на централната и локалната власт со цел давање поттик за младите луѓе да бидат поактивни и повеќе вклучени со свои иницијативи во обликувањето и менувањето на општеството. Спојот на раскажани успешни и мотивациски лични приказни, како и драмата, музиката и уметноста беа само дел од начините преку кои караванот допре до…