Публикација: „Сајбер брана“ – Прирачник за дигитална писменост и безбедност

Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП), во соработка со најголемата македонска младинска платформа Студентарија.мк, го објави прирачникот „Сајбер брана“, наменет за младите и за сите кои сакаат побезбедно, покритичко и поодговорно да се движат низ дигиталниот свет. Преку практични совети, примери и лесно применливи алатки, прирачникот обработува повеќе важни теми: како да препознаеме дезинформации и манипулативни содржини; како практично да проверуваме информации, фотографии и извори; кои се најчестите интернет измами и како да ги избегнеме; како да ги заштитиме личните податоци, профилите и дигиталниот идентитет; кои паметни дигитални…

Отворена дебата за европските можности за младите и справување со младинскиот евроскептицизам

На 24 ноември 2025 година, во Скопје, се одржа кафе-презентација и отворена дискусија со претставници на младински граѓански организации, младински активисти, млади лидери и Млади европски амбасадори (YEAs) од Северна Македонија, посветена на публикацијата „Справување со младинскиот евроскептицизам во земјите од Западен Балкан, со фокус на Северна Македонија“. Настанот обедини млади претставници од различни организации и иницијативи, кои активно учествуваа во дискусијата, споделувајќи лични искуства, предлози и конкретни идеи за надминување на евроскептичните тенденции кај младите и зајакнување на довербата во европската перспектива на земјата. Од анализа кон решенија Кафе-презентацијата…

Промовирана публикација за справување со младинскиот евроскептицизам во Собранието на Северна Македонија

Денес, 24.11.2025 година, во Собранието на Република Северна Македонија беше промовирана публикацијата „Справување со младинскиот евроскептицизам во земјите од Западен Балкан, со фокус на Северна Македонија“, изработена од Европски центар за извонредност (ЕЦЕ Брисел), Институт за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) и Фондација Фридрих Науман. Настанот отвори суштинска дебата со претставници на институциите и пратениците, со фокус на конкретни политики и мерки за справување со растечките евроскептични тенденции кај младите, како и зајакнување на довербата во европската интеграција. Воведни обраќања на настанот имаа координаторката на Клубот за младински прашања…

Покана до младински организации за кафе презентација на документ со политики за справување со евроскептицизмот

На 24.11.2025 (понеделник) со почеток од 14:00 часот во локалот „Лафе“ (https://maps.app.goo.gl/E8pu24VNkp4WDW9u6) ќе се одржи кафе-презентација на публикација ,,Справување со младинскиот евроскептицизам во земјите од Западен Балкан, со фокус на Македонија“ заедно со претставнички и претставници од различни младински граѓански организации и младински активисти. Публикацијата е реализирана во соработка помеѓу Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП), Фондацијата „Фридрих Науман“ и Европскиот центар за извонредност (ЕЦЕ Брисел). Публикацијата претходно беше промовирана во Европскиот парламент во Брисел, како и во Собранието на Република Северна Македонија. Коавтори се Бојан Кордалов (ECE…

Младите и евроинтеграциите: Нови согледувања и публикација за справување со евроскептицизмот презентирани во Европскиот парламент

На 5 ноември 2025 година, во Европскиот парламент во Брисел, беше одржана официјалната промоција во ЕУ на документот со политики „Справување со евроскептицизмот кај младите во земјите од Западен Балкан: Анализа на состојбата во Северна Македонија“. Настанот беше организиран со поддршка и домаќинство на европратеничката Ирена Јовева и на едно место обедини пратеници од Европскиот парламент, како и претставници на Европската комисија, дипломатски мисии, граѓански организации, истражувачи и млади професионалци. Дискусијата беше фокусирана на иднината на проширувањето на Европската унија и улогата на младите во процесот на пристапување. За публикацијата…

Публикација: Справување со евроскептицизмот кај младите во земјите од Западен Балкан – Анализа на состојбата во Северна Македонија

За публикацијата Документот со политики насловен: „Справување со евроскептицизмот кај младите во земјите од Западен Балкан: Анализа на состојбата во Северна Македонија“ е авторско дело на Бојан Кордалов и Теодора Ставрова, додека уредник е Ивајло Цонев. Публикацијата е објавена во октомври 2025 година заеднички од Европскиот центар за извонредност (ECE Brussels), Фондацијата Фридрих Науман (FNF) и Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП). Промоцијата на публикацијата во ЕУ беше организирана на 5 ноември 2025 година во Европскиот парламент (ЕП) во Брисел, на настан чиј домаќин беше европратеничката Ирена Јовeва.…

Публикација: Етичка употреба на ВИ – Наоди на студентските работни групи

Кој ја има контролата – луѓето или алгоритмите? Ова беше клучното прашање на кое 3 групи на студенти се обидоа дадат одговор. Тим 1: Вештачката интелигенција во наставата и учењето Ментор на групата: проф. Боби Бадаревски, Филозофски факултет, УКИМ Студентски координатор: Александар Ристоски Тим 2: Етичка употреба на вештачката интелигенција во академските истражувања Менторка на групата: проф. д-р Катерина Здравкова, ФИНКИ, УКИМ Студентски координаторки: Савче Ѓошева и Адела Асани Тим 3: ВИ во универзитетската администрација Менторка на групата: Јована Доберва, м-р, ФИНКИ Студентска координаторка: Ангела Василевска     ETHICAL USE OF…