Прирачникот „Дигитална трансформација кон е-општини“ промовиран во општина Охрид

Прирачникот „Дигитална трансформација кон е-општини – Како практично да се премости јазот помеѓу очекувањата на граѓаните и достапните јавни услуги?“ промовиран во Општина Охрид. Копија од Прирачникот беше предадена на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков од страна на коавторите Бојан Кордалов и Тоше Зафиров. Исто така, печатени примероци на македонски и албански јазик беа дадени на општинската администрација за потребите на надлежните сектори за дигитална трансформација, млади, како и координаторите на советничките групи во Општина Охрид. Овој Прирачник се фокусира кон иновативната и практична улога што дигитализацијата и дигиталната трансформација…