Анализата на ИДУЕП за професиите на иднината ќе биде презентирана на седница на НСЕИ

Денес, 22.2.2023 година, на деветтата седница на Националниот совет за евроинтеграции при Собранието ќе биде презентирана анализата „Што сакаат младите – Професиите на иднината бараат вештини и знаења денес” која ја изготви Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП). Седницата е закажана со почеток во 12.00 часот, во собраниската сала „Борис Трајковски. Анализата е изработена во рамки на истоимениот проект кој се имплементира од страна на ИДУЕП, кој е финансиран од страна на Европската Унија, а субгрантиран од страна на фондацијата „Ана и Владе Дивац“, Младинскиот сојуз Крушево и…