Претседателот Стево Пендаровски се сретна со претставници од Сојузот на средношколци, кои го информираа за досегашните и идни активности во рамки на иницијативата „Лидер(ка) на училиште, лидер(ка) во иднината“, која се од минатата година се реализира во соработка со Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП). Средношколците го запознаа Претседателот со заложбите за реформирање и подобрување на ученичкото организирање. Тие информираа за финализацијата на предлог-законското решение, со кое по првпат во државата ќе се регулира средношколското организирање, а преку кое се предвидува организирање на директни избори од страна на…
Tag: претседател
Европски искуства за поддршка на процесот на дигитализација во земјите од Западен Балкан – Формиран Советот за дигитална трансформација во рамки на германскиот институт Хајделберг
Формирање на силен фронт помеѓу образовните институции, граѓанскиот сектор и ИКТ индустријата со цел поддршка на напорите на јавните институции и приватниот сектор на земјите од Западен Балкан во насока на воспоставување на одржлива дигитализација која е од интерес на секој граѓанин – ова е основата на потпишаниот Меморандум за соработка склучен помеѓу високообразовната установа Хајделберг Институт и Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП). „Процесите предводени од сојузната германска влада во пост-ковид периодот, кон кои целат сите земји од Западниот Балкан, треба да завршат во правец на имплементација…
Кабинет на ПРСМ до ИДУЕП: Само со суштинска и сеопфатна дискусија до одржливи и целисходни законски решенија
Кабинетот на претседателот на Републиката со одговор до ИДУЕП за иницијативата на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи преточена во Декларацијата која има за цел да послужи како основа за водење на инклузивна и аргументирана дебата на тема осовременување и одржлива дигитализација на образованието. Во одговорот од Кабинетот на претседателот Пендаровски, меѓу другото, се истакнува дека претседателот внимателно ги следи случувањата поврзани со дигитализација на образованието и очекува дискусијата да се интензивира во институциите, односно во Парламентот, без оглед колку ќе трае дебатата во комисиите или во другите форми на…
ИДУЕП Анализа: Јавните функционери со зголемено присуство на социјалните медиуми во 2020 година
119 од вкупно 120 пратеници биле присутни на најмалку еден социјален медиуми во 2020 година. Носителите на извршната власт – Претседателот и Владата во целост биле онлајн, а бројот на активни градоначалници на социјалните медиуми пораснал за 3 споредено со 2019 година и изнесува 74 од вкупно 81. Двонасочната комуникација останува предизвик и за 2021 година, покажа редовната годишна Анализа на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП). За потребите на Институтот анализата ја изработи Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавност и нови медиуми, а активно беа вклучени…