Воведувањето на дигитални алатки во образованието и понатаму останува многу сериозна тема во македонското општество, која одлучува за иднината на денешните генерации ученици и студенти, но и за перспективите на целата земја. Од овие причини, како врвен приоритет мора да остане инклузивната и демократска, односно дебатата базирана на различни аргументи, мислења и ставови помеѓу сите образовни и воопшто општествено-политички чинители. Независно дали и каква одлука финално ќе биде донесена за осовременувањето на образованието, дигитализацијата е процес кој треба да биде долгорочен, да обединува, а секоја одлука за осовременување на воспитно-образовниот…