Во 10тата епизода на поткастот „Имам нешто да ти кажам“, гостин на Јован Цветкоски му беше Бојан Кордалов, комуниколог и претседател на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП). Кордалов, наведувајќи ги приоритети во работата на ИДУЕП, смета дека е потребно да се стави фокус во јавната комуникација на теми кои се реално важни за граѓаните, наместо на евидентната желба на партиите за останување или доаѓање на власт на централно или локално ниво. „ИДУЕП е основана во 2009 година, а си имаме поставено 3 клучни приоритети. Првиот е доброто…