Секретаријатот за европски прашања (СЕП) отпочна процес на консултации со граѓанското општество за изготвување на патоказите за владеење на правото, функционирањето на демократските институции и реформа на јавната администрација кои треба да се подготват согласно Преговарачката рамка усвоена од Советот на ЕУ на 18 јули 2022 година, а на кои беа поканети и активно учество зедоа претставници на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП). Состанокот беше одржан во просториите на Секретаријатот на 24.8.2023 година, а на него учествуваа и вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, која подетално ги…