Со формирањето на Младинскиот совет, Тетово очекува да се надмине јазот меѓу младите и институциите – Клубот на млади пратеници и ИДУЕП во заедничка посета на Општината

Општина Тетово овој месец го основаше локалниот Младински совет и со тоа очекува да започне да се надминува јазот кој постои помеѓу младите и институциите. Клубот за младински прашања при Собранието и граѓанскиот сектор ја нуди својата поддршка, а младите пратеници интензивно ги разгледуваат сите недостатоци кои со себе ги носи Законот за младинско учество и младински политики и веќе размислуваат за законски решенија со цел нивно надминување – ова се дел од заклучоците во рамки на посетата на Општината реализирана како дел од иницијативата „Младите во фокусот“, во организација…