Младите и дигитализацијата во фокусот на работните средби во општините Чаир и Центар

Дел од пратеничките и пратениците од Клубот за младински прашања и политики при Собранието, заедно со претставници на Вестминстер фондацијата за демократија и Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) беа во посета на општините Чаир и Центар. Пратениците Моника Зајкова, Дарко Каевски, Марија Петрушевска и Мухамед Кадриов на средбите со градоначалниците Висар Ганиу и Горан Герасимовски се информира за спроведувањето на младинските политики на локално ниво, разговараа за успесите и предизвиците во локалното спроведување на младинските политики, а особено внимание беше посветено на можностите за остварување на заедничка…