Неопходна е промена во свеста и кај сите чинители за статусот на волонтерите во земјава, како и развивање на посебни програми и законски измени со цел подобар статус за секој волонтер и волонтерка – ова беше заклучокот од заедничката средба на претставници на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) и Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците (ОДАС). Претставниците на ОДАС го презентираа проектот „Правна регулатива на волонтерството“ кој го спроведуваат со финансиска поддршка од страна на Вестминстер фондацијата за демократија. Беа разгледани и дискутирани резултатите од спроведената…
