Граѓански организации креираат модерациска политика за јавните институции во делот на социјалните медиуми

Како follow-up на иницијативата за формирање Национална платформа за справување со дискриминирачкиот говор и другите негативни појави во интернет просторот која произлезе како резултат на потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу ИДУЕП и Комисијата за спечување и заштита од дискриминацијата (КСЗД), девет граѓански организации започнаа заедничка иницијатива за креирање на документ за модерациска политика на јавните институции кој по неговата финализација ќе биде понуден да се примени на корисничките сметки на социјалните медиуми од страна на сите заинтересирани општествени чинители. На првата координативна средба која се одржа денес (3.3.2023 година) претставниците…