Иницијативата „Младите во фокусот“ започнува од Општина Охрид

Иницијативата „Младите во фокусот“ која се спроведува во соработка помеѓу собранискиот Клуб за младински прашања и политики и Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) има за цел зајакнување на соработката помеѓу Собранието и единиците на локалната самоуправа, со вклученост и на граѓанскиот сектор, а првенствено во интерес на подобрување на положбата на младите луѓе во општеството, како и процесот на дигитална трансформација кој е од интерес на сите граѓани. Реализацијата на Иницијативата започнува од денес, 19 септември 2022 година, од Општина Охрид каде ќе бидат остварени средби со…