„Градење на двонасочна комуникација – Информации и податоци за млади, како ги комуницираме?“ е насловот на обуката која се одржа во периодот 16 до 18 февруари во Скопје. Оваа обука беше организирана од страна на Младинскиот сојуз – Крушево, а во рамките на проектот „WB & T for EmploYouth“ кој е финансиран од страна на Европската Унија (ЕУ). Целта беше зајакнување на соработката на релација граѓански сектор и медиуми со цел актуализација на младинските прашања, особено на предизвиците за вработување на млади, но и корупцијата како важна тема за младите…
Tag: Младински сојуз
ИДУЕП дебата во Собранието: Младите бараат изборен модел кој ќе ги мотивира да излезат на гласање
Младите сакаат изборен модел кој ќе ги рефлектира нивните потреби и интереси и ќе ги мотивира да излезат на гласање, како и да гласаат за кандидат чиј успех ќе се мери според сработеното. Сите учесници на дебатата на тема „Каков изборен модел ни треба за посилна демократија?“ “ се согласни дека се потребни реформи согласно потребите на општеството и по мерка на граѓаните. На дебатата во организација на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) и Клубот за младински прашања која се одржа во Собранието учествуваа младите пратеници Моника…
ТИРЗ со поддршка на Проектот „Што сакаат младите – Професиите на иднината бараат знаења и вештини денес“
Со конкретни активности и мерки ТИРЗ се заложи дека ќе го поддржи субгрантираниот проект на ИДУЕП насловен „Што сакаат младите – Професиите на иднината бараат знаења и вештини денес“ кој е поддржан од страна на ЕУ преку Младинскиот сојуз, во рамки на Програма чија цел е намалување на младинската невработеност и отворање можности за компаниите да инвестираат во развој на соодветните вештини и знаења на вработените. Директорот на Дирекцијата за технолошко индустриските развојни зони, Јован Деспотовски на средбата со претставниците на Младинскиот сојуз од Крушево и Институтот за добро управување…