Зајакнување на меѓународната соработка и ЕУ перспектива – ИДУЕП во работна и студиска посета на Брисел

Претставници на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) беа во работна посета на Брисел во периодот од 23 – 30.1.2023 година. Целта на посетата која ја предводеше претседателот на ИДУЕП, Бојан Кордалов, беше зајакнување на односите со постоечките партнерски организации и соработници, како и средби и вмрежување со нови потенцијални партнерски тинк-тенк организации, поединци и институции во процесот на пристапување во ЕУ. Во рамки на активностите, меѓу другото, беа остварени средби со претставници и претставнички на „Пријатели на Европа“, „Out of the box international“, ОБЕССУ, Младински европски федералисти,…