Младинска дебата: „Каков изборен модел ни треба за посилна демократија?“

На ден 15.9.2022 година, четврток, со почеток во 11:00 часот, ќе се одржи отворена младинска дебата на тема „Каков изборен модел ни треба за посилна демократија?“. Организатори на настанот се Институтот за добро управување и евроатлански перспективи (ИДУЕП) и Клубот за младински прашања и политики во кој членуваат пратеници и пратенички од различни политички партии и коалиции на возраст до 35 години. Место на одржување на настанот е Собранието (сала „Борис Трајковски“). Во дебатата на оваа важна општествена тема, заедно со пратениците ќе дискутираат и повеќе од 30 млади алумнисти…