Одржана работна средба на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) со Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу на која се разговараше за можностите и иницијативите за меѓусебна соработка и јакнење на капацитетите на МИОА во делот на напорите за дигитална трансформација, како и процесот на пристапни преговори со Европската Унија, во делот на Поглавјето 10 – Информатичко општество и медиуми. Претставници на ИДУЕП и Министерството за информатичко општество (МИОА) во следниот период ќе ги дефинираат потенцијалите за конкретни заеднички активности поврзани со застапување на процесот на…