Речиси секој наставник користи дигитални алатки во наставата, покажа најново истражување во рамки на проект за дигитализација на образованието

237 од вкупно 250 анкетирани наставници во основните училишта или 95% се изјасниле дека користат дигитални алатки за време на наставата. 13 наставници посочиле дека ваквите онлајн содржини и помагала воопшто не ги користат за време на спроведувањето на воспитно-образовниот процес. Ова се само дел од податоците кои ги покажа истражување спроведено во периодот 6-30 мај 2020 година помеѓу наставниот кадар во основните училишта на територија на општините Валандово и Карпош. Ова истражување беше спроведено од страна на специјалистот за односи со јавност, Бојан Кордалов, а во рамките на Проектот…