Лидер/ка на училиште, лидер/ка во иднината: Неопходна е реформа на моделот на ученичките заедници за да станат вистински глас на сите млади

Потребен е нов модел на ученичко организирање кој ќе може да се имплементира подеднакво во сите училишта низ земјава. За ученичките заедници – односно советите на учениците – да бидат вистинскиот глас на младите и нивните потреби, треба сите средношколци во училиштето директно да ги избираат претседател(к)ите на овие тела. На овој начин ученичките заедници ќе станат место кое ќе ги поттикне младите да размислуваат покритички и сами да одлучуваат за својата иднина. Ова е заклучокот од панел дискусијата „Какви новини се потребни во средношколското организирање?“ во организација на Сојузот…

ИДУЕП и ССРСМ организираат панел дискусија на тема „Какви новини се потребни во средношколското организирање?“

Со цел подигнување на јавната свест за потребата од средношколско организирање кое ќе биде ефикасно и функционално, но и избирано во целосно демократска процедура, Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија (ССРСМ) и Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) ја организираат панел дискусијата на тема „Какви новини се потребни во средношколското организирање?“. Оваа панел дискусија е дел од заедничката иницијатива на ИДУЕП и ССРСМ насловена „Лидер(ка) на училиште, лидер(ка) во иднината“ која има за цел да вклучи широк фронт на индивидуи и организации со цел дебата и заедничко…