Ефикасната комуникација на јавните институции е предуслов за професионално позиционирање во јавниот дискурс

„Ефикасна комуникација на јавните институции како предуслов за професионално позиционирање во јавниот дискурс“ е насловот на циклусот на обуки наменет за вработените во Државниот завод за ревизија (ДЗР). Обуките беа реализирани во текот на месец февруари 2021 година од страна на комуникологот и координатор на Програмата за транспарентност, медиуми и дигитализација на ИДУЕП, Бојан Кордалов. Во делот на стратегиското моделирање на односите со јавноста ревизорите стекнаа напредни знаења и вештини во делот на градење на ефикасен модел на внатрешна и надворешна комуникација, зголемување на институционална транспарентност и потребата од воспоставување…