Во заедничка организација на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) и Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП), а под покровителство на претседателот Стево Пендаровски на ден 22 септември 2022 година се одржа јавна дискусија на тема ,,Дискриминирачки говор на дигитални медиуми – состојба и предизвици”. Настанот имаше за цел собирање и обединување на едно место на иницијално заинтересирани општествени чинители и актери, а со цел создавање на иницијална Национална платформа и нејзин план на активности за справување со дискриминирачкиот говор и другите негативни појави во интернет…
Tag: КСЗД
Поголема слобода во изразувањето и инклузивно општество се можни само без дискриминирачки говор на интернет – КСЗД и ИДУЕП потпишаа Меморандум за соработка
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) и Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) потпишаа меморандум за соработка со кој се официјализира соработката меѓу двете организации со цел поддршка во национална борба против дискриминирачкиот говор и другите негативни појави во интернет просторот. Претседателот на КСЗД, Кире Василев истакна дека во Комисијата има најмногу пријавени претставки за дискриминација во социјалните медиуми поради дискриминирачки говор и, како што вели, токму од тоа произлегува желбата за соработка. „Најмногу пријавени претставки во 2022 година до КСЗД се однесуваат за дискриминирачки говор…