Во текот на изминатите две недели, во просториите на Сојузот на извидниците во Скопје и Струга, се одржаа две консултативни средби со млади на возраст до 25 години, чија цел беше да дознаеме „што е она кое функционира“ во однос на менталното здравје кај младите, дали овој аспект е важен за нив и колку тие се подготвени да ја надминат стигмата поврзана со менталното здравје воопшто. Настаните беа одржани во хибриден формат, односно со физичко, како и онлајн присуство со цел можност за вклучување на млади луѓе од сите региони…