Прирачникот „Дигитална трансформација кон е-општини“ промовиран во општина Охрид

Прирачникот „Дигитална трансформација кон е-општини – Како практично да се премости јазот помеѓу очекувањата на граѓаните и достапните јавни услуги?“ промовиран во Општина Охрид. Копија од Прирачникот беше предадена на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков од страна на коавторите Бојан Кордалов и Тоше Зафиров. Исто така, печатени примероци на македонски и албански јазик беа дадени на општинската администрација за потребите на надлежните сектори за дигитална трансформација, млади, како и координаторите на советничките групи во Општина Охрид. Овој Прирачник се фокусира кон иновативната и практична улога што дигитализацијата и дигиталната трансформација…

Младите и дигитализацијата во фокусот – Клубот на млади пратеници и ИДУЕП во заедничка посета на општина Охрид

Барање за брзо опремување на просториите на локалниот младински совет, иницијатива за поместување на почетокот на училишната година и второто полугодие со цел заштеда на електрична енергија, дигитално поврзување на локалната самоуправа со централните бази на податоци, како и зајакнување на соработката помеѓу Собранието и општина Охрид со вклученост на граѓанскиот сектор беше целта на настанот кој се одржа во Охрид, а во рамки на иницијативата „Младите во фокусот“, во организација на Клубот за младински прашања и политики во Собранието и Институтот за добро управување и евроатлански перспективи (ИДУЕП), а…

Иницијативата „Младите во фокусот“ започнува од Општина Охрид

Иницијативата „Младите во фокусот“ која се спроведува во соработка помеѓу собранискиот Клуб за младински прашања и политики и Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) има за цел зајакнување на соработката помеѓу Собранието и единиците на локалната самоуправа, со вклученост и на граѓанскиот сектор, а првенствено во интерес на подобрување на положбата на младите луѓе во општеството, како и процесот на дигитална трансформација кој е од интерес на сите граѓани. Реализацијата на Иницијативата започнува од денес, 19 септември 2022 година, од Општина Охрид каде ќе бидат остварени средби со…