Потпишан Меморандум за соработка помеѓу ИДУЕП и општина Карпош – Транспарентноста и дигитализацијата во фокусот

Поддршка за општините во процесот на двонасочна комуникација со граѓаните и процесот на дигитализација во интерес на поголемо остварување на правата од страна на граѓаните. Со потпишаниот Меморандум помеѓу ИДУЕП и општина Карпош и нејзиниот градоначалник Стефан Богоев се предвидува унапредување на соработката и заложба за постојано дејствување во сферата на доброто управување, со особен акцент на транспарентноста, отчетноста и дигитализацијата. Меморандумот не предвидува никакви финансиски обврски на општината кон Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи. Дополнително, како иницијатива за заеднички проект произлезе идејата за изготвување на заеднички публикации…