Во заедничка организација на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) и Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП), а под покровителство на претседателот Стево Пендаровски на ден 22 септември 2022 година се одржа јавна дискусија на тема ,,Дискриминирачки говор на дигитални медиуми – состојба и предизвици”. Настанот имаше за цел собирање и обединување на едно место на иницијално заинтересирани општествени чинители и актери, а со цел создавање на иницијална Национална платформа и нејзин план на активности за справување со дискриминирачкиот говор и другите негативни појави во интернет…