Одржана обука за медиумска писменост и јавен настап во рамки на подготвителниот брифинг за НАТО студентската симулација

Повеќе од 30 учесници и учеснички беа дел од обуката за медиумска писменост и јавен настап која се одржа во рамките на вториот дел од Проектот „Info vs. Disinfo: Градење на отпорност кон дезинформациските практики” кој го спроведува Евро-Атлантскиот Совет со поддршка на НАТО секторот за јавна дипломатија и Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП). Со поддршка од искусните комуникациски обучувачи, Бојан Кордалов и Тоше Зафиров учесничките и учесниците разговараа за разликите помеѓу типовите на лажни вести, со акцент на дезинформациите, како и најчестите техники и методи кои…