Прирачник „Дигитална трансформација кон е-општини“

Прирачникот „Дигитална трансформација кон е-општини“ е изработен од страна на авторите Бојан Кордалов и Тоше Зафиров, а уредник е Ивајло Цонев. Вклучени истражувачи во изработката на овој прирачник беа и Невена Георгиевски, Јана Мировска, Теа Димковска и Дарко Беровски. Издаден е во февруари 2022 година на македонски и албански јазик од страна на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи и Фондацијата за слобода „Фридрих Науман“. Исто така, достапно е и кратко резиме на Прирачникот на англиски јазик.       ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА КОН Е-ОПШТИНИ (.pdf)        …

ИДУЕП ја подготвува годишната Анализа за степенот користењето на социјалните медиуми од страна на јавните функционери

Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) ја изготвува редовната годишна Анализа за користењето на социјалните медиуми од страна на јавните функционери и јавните институции кои тие ги раководат. За потребите на Институтот анализата ја изработува м-р Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавност и нови медиуми и координатор на Програмата за транспарентност и дигитализација. Трета година по ред во нејзината изработка ИДУЕП активно вклучува и студенти од отсекот „Односи со јавност“ при Правниот факултет во Скопје. Целта на оваа заедничка активност е стекнување на практични вештини и имплементирање…