Јавните функционери со намалена активност на социјалните медиуми во 2019 година

87 од вкупно 120 пратеници користеле социјални медиуми во 2019 година. Владиниот кабинет имал 24 од вкупно 26 министри онлајн, додека бројот на активни градоначалници на најмалку еден социјален медиум годинава изнесува 74 од вкупно 81, покажа Анализатa на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП). За потребите на Институтот анализата ја изработи Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавност и нови медиуми и координатор на Програмата за транспарентност, медиуми и дигитализација на ИДУЕП, а активно беа вклучени и Теа Бошкова, Велимир Лав Илиќ, Ема Павловска и Александра Богдановска…