Студентските теми е потребно да бидат повеќе застапени во јавниот дискурс – Одржани обуки за јавен настап за претставници на УСС УКИМ

На 21 декември 2023 година во просториите на Студентскиот културен центар во Скопје беа одржани две последователни обуки за јавен настап и комуникација со јавноста наменети за претстедателките и претстедателите на факултетските студентски собранија при УКИМ, претседателот и членовите на Универзитетскотот студентско собрание при УКИМ, како и студентската правобранителка при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Целта на обуките е подигање на нивото на знаења и вештини во делот на односите со јавноста и комуникацијата со медиумите, како и стекнување на вештини за поголемо јавно застапување на теми важни за студентите.…